Проблемот со невработеноста во Велес полека почнува да се решава. По вработувањето на околу 600 работници во германската компанија Дрекслмајер во Кавадарци, деновиве 33 фирми бараат да вработат нови 200 работници. Сопствениците на фирмите најмногу бараат работници во градежниот сектор. Една компанија, на определено работно време од три месеци, бара вработување на 80 работници во нискоградба. Најмногу се бараат фасадери и монтери. 30 работници се бараат за оператори на медицинска опрема. Во трговските компании се бараат 25 продавачи. Покрај ова на пазарот на трудот во општина Велес се бараат келнери, шивачи, возачи, вулканизери, пекари, готвачи. Компаниите на нововработените им нудат плата од 8.800 до најмногу 18.000 денари за една работна позиција.
Проблемот со невработеноста во Велес полека почнува да се решава. По вработувањето на околу 600 работници во германската компанија Дрекслмајер во Кавадарци, деновиве 33 фирми бараат да вработат нови 200 работници.
Сопствениците на фирмите најмногу бараат работници во градежниот сектор. Една компанија, на определено работно време од три месеци, бара вработување на 80 работници во нискоградба.
Најмногу се бараат фасадери и монтери. 30 работници се бараат за оператори на медицинска опрема. Во трговските компании се бараат 25 продавачи.
Покрај ова на пазарот на трудот во општина Велес се бараат келнери, шивачи, возачи, вулканизери, пекари, готвачи. Компаниите на нововработените им нудат плата од 8.800 до најмногу 18.000 денари за една работна позиција.
Инаку, во Агенцијата за вработување во Велес бројката на невработените изнесува околу 8.000 од кои активно работа бараат само повеќе од 3.000 невработени.